logo
logo
logo

Прошталното писмо на Хрватката која се самоуби: Ме третираат како животно, доста ми е!

Vecer | 09.02.2021

Прошталното писмо на Хрватката која се самоуби: Ме третираат како животно, доста ми е!

Случајот со самоубиството на 35 годишната жена од Славонија, Хрватска која била вработена како педагог во основно училиште го шокираше цел Балкан.

Со цел да се препознаат проблемите кои ги носи депресијата, хрватските медиуми решија во целост да го пренесат потресното писмо кое таа го оставила зад себе пред да си го одземе животот.

Впрочем, 35 годишната Хрватка магистрирала педагогија и антропологија, а работела како педагог во две основни училишта. Таа во неколку наврати признала дека страда од депресија и била склона кон самоубиствени идеи. Според Dnevnik.hr нејзината состојба дополнително се влошила со пандемијата и изолацијата.

Во своето проштално писмо, таа објаснува дека се грижи за својот болен татко кој неодамна се оперирал од срце. Надевајќи се дека ќе наиде на разбирање и поддршка, за своите проблеми решила да и се довери на директорката на едно од училиштата во кое работела.

Не добила ниту поддршка ниту разбирање. Иако побарала да работи од дома, директорката инсистирала сите вработени кои имаат или немаат симптоми на Ковид-19 да доаѓаат на работа.

“Секако, јас морав да доаѓам на работа (41км во еден правец) во празно училиште кое не беше загреано. А своите работни обврски, како контакт со ученици, родители и административната служба ги завршував надвор од работното време, стои во нејзиното писмо.

Впрочем, на почетокот на семестаров таа повторно побарала од директорката да и се овозможи работа од дома, но позитивен одговор не добила.

“Се обидов пријателски да и пристапам и да и укажам дека изложена на постојан стрес, плашејќи се за моето, но и за здравјето на мојот татко. И објаснив дека стапив во контакт со сите одделенски наставници и дека никој од нив нема проблем јас да работам од дома. Но, наместо разбирање, таа ми посочи дека ќе нема кој да крене слушалка во училиштето доколку јас работам од дома. Ми рече да сум го избегнувала мојот хронилно болен татко бидејќи такви биле препраките на надлежните. Никогаш во животот не сум била толку понижена. Животот и здравјето на моето семејство се омаловажени.”, пишува таа во писмото.

Освен за нечовечкиот однос кон неа, таа укажува и на неподносливите услови за работа под кои била изложена. Нејзината директорка ја одбивала секоја иницијатива за подобрување на работата на училиштето, па така нејзина работа била да и прави друштво на директорката, да слуша трачеви и да ги менува другите наставници кои се на боледување.

Но, за жал, работната средина не е единствената причина поради која таа решила да си го одземе животот. Немањето соодветна здравствена нега е уште една во низата причини за нејзиното самоубиство.

Во своето писмо, 35 годишната Хрватка ја раскажува и нејзината голгота со здравствениот систем. Впрочем, нејзината матична лекарка заминала во пензија и таа морала да се пријави кај друга. Во меѓувреме, решила да посети психијатар каде и било констатирано анксиозност и депресија со препорака да одмара два месеци.

“Кога и го покажав наодот на мојата лекарка, таа ја доведе до прашање експертизата на мојот психијатар и ми соопшти дека нема да ми даде боледување. Ми препорача друг психијатар а јас се сложив да се пријавам кај него бидејќи и немав друг избор. Меѓутоа од ХЗЗО ми соопштија дека за преглед кај тој доктор ќе треба да чекам најмалку до месец мај.”, додава таа.

Доста ми е!

“Со денови говорам дека сум доведена на раб. На улица никој не ме препознава. Иако во последниве 12 години се борам со депресија и анксиозност, само два пати имам земено боледување – еден ден поради операција на заб и два дена која имав висока температура”, додава таа.

Хрватката во своето писмо раскажува и за уште средба со својата матична лекарка каде таа отворено и открила дека не се не се чуствува добро и дека и е потребна помош.

“И кажав дека сакам да се самоубијам, дека сум бесна и лута, но и дека стравувам за моите постапки. И кажав дека размислувам да си го одземам животот, но и дека стравувам за живототот на другите. Наместо помош, таа ме одби и ме пријави во полиција”, пишува 35 годишната учителка.

На крајот на своето писмо, таа наведува дека не можела да се врати на работа во таква состојба. Јасно и било дека доколку не се врати ќе добие отказ и ќе нема кој да и помогне за да го плати станбениот кредит

“Барав помош. Ќе прифатев било каква, но рацете ми беа врзани од страна на мојот матичен лекар. Синоќа за малку ќе си го одземев животот, но се уште имам надеж дека мојата прекрасна и света земја Хрватска нема да ме изневери. Секојдневно сум жртва на туѓа неспособност, мрзеливост, подлост и неефикасен систем кои ги наградува само оние “квалификуваните”. Немам повеќе каде да се обратам за помош. Сите институции ме изневерија. Моето достоинство секојдневно се гази и сум третирана како животно. Доста ми е. Ја делам мојата приказна со вас со надеж дека истата ќе поттикне разговор во општеството за работи за кои предолго се молчи”, завршува таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk