Средношколката Елена Атанасовска од Скопје, вчера од нашата Редакција замина со 8 000 денари. Таа беше извлечена како нов добитник од наградната акција на “Вечер”, со која им се заблагодаруваме на нашите читатели за нивната 40-годишна верност. Елена заедно со сестричката Александра и дедото Цветко, редовно ги сечат купоните и ги испраќаат до нашата Редакција. Досега имаат испратено три пликоа, на име на трите сестри – Билјана, Елена и Александра, а најсреќна од нив беше Елена. Кога се јавивме да ја известиме добитничката дека треба да дојде, таа изгледаше изненадено. “Мислев дека некој се шегува. Навистина, не можев да поверувам дека сум добитник” – прокоментира таа. “Парите ќе ги искористам за шопинг за Нова година. Секако, ќе им дадам пари и на дедо ми и на сестрите” – рече Елена, потоа на шега прокоментира: “Ќе им дадам по 100-200 денари, доста им е”. Елена која има 16 години и учи во средното училиште †Панче Арсовски„, сака да знае за се што се случува на забавната сцена и особено задоволство и причинува што во весникот има многу страници за забава. Нејзиниот дедо е читател на †Вечер„ од неговиот прв број во далечната 1963 година и кај нив дома весникот го има секој ден.