Симпатичниот мускулест јунак, чиј заштитен знак се лулето и спанаќот, и кој со сите сили ја брани од напасниците својата сакана Олива, годинава го слави 75-от роденден. Стариот морнар со тетовирано сидро на раката за првпат се појавил во 1929 година и тоа како спореден лик во стрипот “Тхимбле Тхеатер”, но набрзо ги стекнал симпатиите на читателите и поминувајќи го тестот три месеци подоцна од спореден лик се претворил во самостојна ѕвезда. Вистинската слава, што била една од главните причини за зголемување на потрошувачката на спанаќ во САД во триесеттите години, ја стекнал во анимираните филмови, снимени се вкупно 109, на Макс Флеишер. Таткото на Попај, Е.Ц. Сегар умрел во 1938 година и со себе ја однел тајната: Зошто неговиот јунак воопшто сака спанаќ? Морнарот продолжил да го црта Бад Сагендорф, а потоа во листата се запишале и други цртачи. Во цртаните филмови уште на самиот почеток се посветувало многу внимание на анимацијата и се одело до најситните детали, па затоа не ретко се велело дека тој е подобро изведен од најдобрата анимација на Дизни. Одличната изработка и најстарите цртани ги прави свежи и неповторливи и денес, седумдесетина години подоцна, кога с&”238; уште е интересна приказната за силниот морнар, кој е во постојана “војна” со непријателот Дибек. Кога децата благодарение на омилените “завојувани” јунаци – Попај и Дибек, пројадуваат спанаќ и хамбургери…