x

73 ГОДИНИ ФК ВАРДАР: Само една роденденска желба, спасител за гигантот!

vardar-73-godini

На основачкото собрание одржано на 22 јули 1947 година во салата на кино „Вардар“, која била претесна да ги собере сите што сакале да присуствуваат на настанот, на денешен ден пред точно 73 години е формиран ФК Вардар. Најтрофејниот македонски колектив денеска го прославува 73-от роденден, во моменти на најголема неизвесност.

Финансиската криза која го зафати „црвено-црниот“ табор резултираше со загубена можност за настап во европските купови, па потоа и со целосен финансиски крах кој е на пат да ескалира во комплетен распад на составот. Деновиве СПОРТМЕДИА пишуваше за иницијативите за спас на македонската спортска гордност, но се уште се е само во фаза на разговори.

Вардар денеска го прославува својот роденден со единствена желба  – да се најде спасител и излез од оваа ситуација!

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата