Министерството за здравство информира дека денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два негативни теста на Ковид-19 се испишани 3 оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекуваше во домашни услови.

Во изминатите 24 часа направени се рекордни 496 тестирања на Ковид -19, при што се регистрирани 48 нови случаи, позитивни на вирусот. По градови: Скопје -11, Куманово – 25, Штип -1, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 3, Охрид -1, Гостивар -2.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 711 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:  Скопје – 284,  Куманово – 168,  Дебар – 49, Штип-21, Прилеп –50, Тетово – 31, Струга – 33, Велес – 18,  Битола –8,  Охрид –4, Кавадарци – 3,  Гостивар –6,  Гевглелија – 4,  Струмица – 2, Крива Паланка-3,  Радовиш – 4, Крушево – 3,  Кочани – 19,  Пробиштип – 1.

Од 496 тестирање,  преку ИЈЗ се направени 353, преку Ветеринарен факултет –9, Авицена –14 , Биотек –24  и Филип Втори (Жан Митрев) –96. Досега во земјата се направени 7.067  тестирања на Ковид-19, информираат од министерството за здравство.

Во соопштението се додава дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, во денешната статистика ќе бидат евидентирани 2 претходно починати лица.

Едно лице од Лабуништа – Струга (63г) за кое Министерството информираше на 5 април. Пациентот беше донесен во тешка состојба на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а неговиот тест е изработен постмортем. Во денешната статистика на ИЈЗ ќе биде евидентиран и починатиот притвореник од Истражниот затвор во Шутка, за кој Министерството информираше во текот на вчерачниот ден.“ пишуваат од министерството.