Според најновите истражувања, повеќето од потрошувачите во Хрватска ги сметаат бонбониерите и десертите на Бајадера меѓу најдобрите. Омиленоста и прифатеноста на Бајадера најдобро ја потврдува податокот што 97 проценти од потрошувачите ја познава Бајадера и може да се каже дека Бајадера е најпознат сладок производ на хрватскиот пазар. Бајадерата е исто така позната и купувана и на пазарите и во другите земји од регионот. Така, во Босна и Херцеговина Бајадера е најпродавана бонбониера, а исклучително добар имиџ и значајни количини остварува на пазарот во Македонија, Словенија и Србија и Црна Гора. На извозниот пазар се пласира скоро половина од вкупното производство. Бајадера е посебна и по тоа што е еднакво добро прифатена меѓу сите профили на потрошувачи. Бајадерата, како и останатите бонбони многу често се подарува. Но, за разлика од останатите бонбониери што се подаруваат, Бајадера често се купува и за сопствена консумација и се користи многу повеќе од сите останати брендови во домаќинството. Важно е да се напомене дека бајадерата се изработува од висококвалитетни состојки од строго контролирано потекло. Освен уживањето што се добива при консумирањето, бајдерата е и нутритивно многу вреден производ. Имено, најновите истражувања покажуваат дека лешниците и бадемите што се основни состојки на бајадерата, корисни се и при превенција на срцеви болести, го намалуваат холестеролот и содржат диетални влакна. Слободно може да се каже дека бајадерата добро се вклопува во се поприсутниот тренд во прехранбената индустрија, тренд на функционална храна.