x

50 кошаркари не сакаат да ја доиграат сезоната, НБА лигата се закани дека нема да добијат плати

Најмалку 50 кошаркари кои играат во НБА лигата не сакаат да продолжат со сезоната во услови на пандемија со коронавирусот. Оние кои не сакаат да патуваат во Орландо каде ќе се случи и завршницата на прекинатата сезона, нема да бидат казнети, но нема да добијат плати, информираат американските медиуми.

Околу 40 до 50 кошаркари, претежно членови на тимови кои немаат шампионски амбиции, изразија несигурност и незадоволство од одлуката за продолжување на сезоната. Како што се наведува, лигата нема да ги санкционира ако не дојдат со своите тимови во Орландо, но исто така нема да бидат исплатени според договорите.

Лигата размислува за воведување „замена“ за кошаркарите кои не сакаат да ја продолжат сезоната, но и за играчите кои ќе имаат позитивни тестови на коронавирусот или можеби ако доживеат некоја посериозна повреда.

Не е познато колку од споменатите замени ќе бидат дозволени, но се наведува дека играчот кој е заменет нема да може да го претставува тимот до крајот на сезоната. НБА лигата ќе продолжи на 30 јули во Флорида, во Орландо, во комплексот Дизни.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата