Годинава „Адинг“ одбележува 50 години од своето постоење и основање. Како дел од целата јубилејна кампања на компанијата, се одржа и главниот настан, насловен како „50 години од првите чекори“.

Настанот се случи во „Музејот на современата уметност“, во присуство на голем број гости, претставници на компании соработници од поширокиот регион и земјава, владини претставници, државни институции, факултети и останати научно-истражувачки институции.

50 годишната успешна приказна, беше раскажана низ една симбиоза на уметнички танцови и оперски елементи, поткрепени со уникатен визуелен перформанс од наши врвни уметници, како и краток корпоративен филм.

извор: Makfax