На денешната седница на Комисијата за избори и именувања беше донесен предлог за доделување паричен надомест од 400 евра за пратениците кои ќе одлучат да изнајмат стан во Скопје. Пратениците имаат избор или да изнајмат стан или, пак, да патуваат со намалените парични средства како надомест за патните трошоци. На оние пратеници кои ќе одлучат да изнајмат стан, ќе им бидат дозволени парични средства од буџетот на Собранието за патни трошоци само за викенди и празници.

На оние пратеници, пак, кои ќе одлучат да патуваат со свој автомобил, паричните средства за патни трошоци ќе им бидат намалени од 30 на 20 отсто, а патарините мора да ги плаќаат електронски, односно со новите картички што ги издава „Македонија пат“, или, пак, со сопствени картички за кои подоцна покрај фискалната сметка ќе мора до Собранието да поднесат и печатена потврда со потпис како доказ за платена патарина.

Виктор Јованов

 

извор: Makfax