x

35 години од една од најголемите трагедии во фудбалот (ВИДЕО)

На денешен ден, 29 мај во 1985 година се случи една од најголемите трагедии во историјата на фудбалот. На стадионот „Хејзел“ во Брисел на финалето во Купот на шампионите помеѓу Ливерпул и Јувентус. Фановите на Јувентус бегајќио од навивачите на Ливерпул под притисок го урнаа бетонски ѕид. Во стампедото загинаа 39 луѓе, а уште 600 беа повредени. По тој инцидент сите англиски екипи беа исфрлени од европските купови во наредните пет години.

А и покрај немилите сцени натпреварот се одигра, а Јувентус со голот од пенал на Платини победи со 1:0 и го освои пехарот.

А денешниот ден ќе остане запомнет по финалето во Купот на шампионите во 1991 година во Бари кога Црвена Звезда го победи Марсеј на пенали и стана првиот југословенски клуб со европската титула.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата