Вкупно 33 полицајци, 12 војници и 18 вработени во одморалиштето на Министерството за внатрешни работи во Охрид завршија во изолација, откако неколкумина припадници на Единицата за брзо распоредување се заразија со новиот вирус, објави „Фокус“.

Од Министерството за внатрешни работи за „Фокус“ велат дека од 18 припадници на ЕБР кои обезбедувале карантински објекти, досега седуммина се позитивни на ковид 19.

По направената епидемиолошка анкета на 33 полициски службеници им се издадени решенија за изолација, а уште двајца чекаат решенија од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Од ГШ на АРМ велат дека 12 војници кои исто така биле сметени во одморалиштето во МВР се во изолација, но досега не се тестирани и чекаат насоки од здравствените власти.