Владата планира да потроши 20 милиони денари, односно 325 илјади евра за набавки на авиобилети.

Огласот на Електронскиот систем за јавни набавки е распишан на 4 октомври, а ставката која што е наведена е набавка на услуги за воздушен транспорт на луѓе и товар.

Останува нејасно кој се ќе се превезува со овие билети од владата која на граѓаните им ветуваше дека ќе ги намали луксузирањата и нема непотребно да ги троши народните пари.