Филмот „Хабит“ се најде под удар на критики во јавноста уште пред дистрибуцијата. Речиси 300 000 луѓе потпишаа петиција во обид да ја забранат дистрибуцијата на филмот, кој е окарактеризиран како богохулен бидејќи Исус е прикажан како лезбијка, иако тоа не се спомнува во промотивните материјали на филмот.

Главните улоги во филмот ги имаат Бела Торн и Парис Џексон, ќерката на Мајкл Џексон. Париз го игра Исус, а во филмот се појавува и трансродната манекенка Андреја Пејиќ.

 

View this post on Instagram

 

“Bad Habits Die Hard” ?

A post shared by Andreja Pejic (@andrejapejic) on

„Не е случајно што во составот има голем број актери со музички талент. Ќе имаме одличен саундтрак”, рече продуцентот Донован Леич за „Ентертеинмент викли“.

Дејството на филмот ја следи Бела која ја игра улогата на жена која има фетиш на Исус и се маскира како чесна сестра за да избегне насилна трговија со дрога.

Дел од јавноста е згрозен од ваквиот портрет на Исус и смета дека филмот ги исмева христијанството и верниците.

Датумот на премиерата сè уште не е познат.

извор: Makfax