Во последните 24 часа се направени 3042 тестирања, а регистрирани се 947 нови случаи на ковид-19 и тоа 530 во Скопје, 30 во Куманово-,  Дебар-3, Штип-15, Прилеп-38, Тетово-54, Струга-18, Велес-22, Битола-43, Охрид-43, Кавадарци-8, Гостивар-25, Гевгелија-3, Струмица-23, Крива Паланка-4, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-3, Пробиштип-8, Демир Хисар-4, Македонски Брод-5, Пехчево-1, Берово-2,  Валандово-2, Виница-1, Делчево-5, Кратово-4, Свети Николе-8, Кичево-25, Ресен-8, Неготино-3.  

Починати се 30 лица, меѓу кои шест пациенти од Скопје (57, 66, 80, 64, 54 и 68г), пет од Куманово (58, 64, 67, 68 и 78г), еден пациент од Штип (67г), тројца од Прилеп (58, 57 и 72г), пет од Тетово (83, 60, 62, 69 и 58г), еден пациент од Битола (78г), пет од Кавадарци (73, 74, 70, 77 и 70г), еден од Гостивар (67г), двајца од Радовиш (71 и 68г) и еден пациент од Кочани (52г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 41222, бројката на оздравени пациенти е 24920, на починати е 1186, а бројот на активни случаи изнесува 15116.