30 години од најголемиот спектакл! Брена на концерт дојде со хеликоптер и пееше за 280.000 луѓе (фото/видео)

Пред точно 30 години се случи спектакуларниот концерт на Лепа Брена во Софија (Бугарија). Тој 24 јули 1990 година пејачката ќе го памети додека е жива, а е сеќавање кое е како круна на повеќедецениската кариера.
После тој датум, Брена повторно одржа концерт во Софија, 2011 година, и тогаш се присети како сето тоа изгледаше во далечната 1990 година.
– Навистина е фантастично чуството кога повторно ќе настапите на место каде што бил врвот на вашата кариера. Таа 1990 година направивме величествен концерт во Софија и сега сето тоа ни се враќа, рекла Брена во таа прилика.
Пејачката тогаш на спортскиот стадион “Васил Левски“ слетала со хеликоптер, а со тој потег дивата им дала домашна задача на многу светски ѕвезди.
На архивските снимки од тоа време може да се види публика која е во целосен транс во моментот кога ќе ја видат Брена, а после многу години дивата дознала дека во текот на целата турнеа по Бугарија пеела пред околу 280.000 луѓе.