Во Струга претпладнево беа пуштени од државен карантин 280 лица. Кај ниту еден од нив засега не е дијагностициран Ковид-19. Но, задутре во Струга ќе бидат донесени нови 300 граѓани кои допрва треба да почнат да го држат потребниот државен карантин.

Семејства со мали деца, повозрасни и помлади беа помеѓу вкупно 280 граѓани од цела Македонија на кои денес им заврши четиринаесетдневниот државен карантин во Струга. Речиси сите претходно допатувале од Виена, Австрија, каде потоа организирано беа распределни во хотелските соби.

По заминувањето во своите домови овие луѓе, како и сите други кои го напуштаат државниот карантин, ќе мора да поминат уште 14 дена во домашна изолација.

„Не можам да се жалам бидејќи сè беше добро. Немавме никакви проблеми. Сè убаво помина. Немаше заразени досега…“

„Отидов на три дена, се затворија границите и бев принудена да останам додека не се организира хуманитарен лет. Претежно по разговорите преку терасите со другите, сите сме добри. Прагот на собата не смеевме да го напуштиме. Тука ни се оставаше храна…“

Четири медицински тимови две недели по 12 часа дежурале и им биле на располагање на овие луѓе.

„Од извршените наши прегледи, не констатиравме некои коишто ни укажаа на заболувања од корона. Информирани се дека доколку почувствуваат симптоми да се јават кај матичните лекари.“

Откако оваа група си замина, сега во Струга ќе бидат сместени нови 300 граѓани на кои допрва треба да им почне државниот карантин. Тие ќе пристигнат во вторник.

Се очекува нова група од околу 300 луѓе кои треба да бидат сместени во 14 државен карантин, во Струга да дојдат веќе во вторник.

АлсатМ