Иницијативата на ДУИ за отповикување на одлуката за распуштање на Собранието ја потпишаа 26 пратеници од ДУИ и ДПА, вклучувајќи ги и лидерите на двете партии, Али Ахмети и Мендух Тачи, потврдил за Телма, пратеникот на ДУИ, Артан Груби.

Се очекува иницијативата да биде доставена до спикерот на Собранието, Трајко Вељаноски, кој потоа треба да одлучи кога ќе свика седница.