Сакате се да носите со себе? Тогаш сигурно ќе ви се допадне Палмовиот, Тунгстен Т5. Станува збор за првиот апарат кој можете да го покриете со вашата дланка, а кој е опремен со 256 МБ. Зголемениот мемориски простор може да го искористите благодарение на новата апликација Филе Трансфер, која го поедноставува префрлањето на датотеките помеѓу Палм и Пц; се се сведува на едноставна драг и дроп постапка. Од Тунгестовиот 256 МБ, 160 МБ се однесува како УСБ флеш меморија. Со други зборови, новиот Палм може да се приклучи на кој било ПЦ и да се користи на потполно ист начин како и кое било УСБ мемориско “стапче”. Т5 кој излегува во декември ќе биде по цена од 430 евра, ги нуди проверените стари адути како што се поголем потпор, извонредна понуда на деловни алати, и завидна мултимедијална понуда.