250 милиони евра приход во 2021 година од канабисот очекува премиерот Заев, односно од законските измени со кои производителите на канабис за медицински цели ќе можат да вршат извоз на цветот од растението.

Според Заев марихуаната во Македонија би можела да се купува како во Амстердам во специјализирани кофи шопови, најавувајќи ја декриминализацијата на поседувањето мали количини марихуана за лична употреба, како и дебата во првата половина од следната година за легализација на марихуаната.

Освен за лична употреба, Заев најави законски измени со кои на производителите на канабис за

Во Македонија сега има 59 фирми со лиценци за одгледување на канабис.

Активистите и здруженијата кои одмана се залагаат за декриминализација на марихуаната велат дека Македонија е подготвена за овој чекор за, како што велат, да престане прогонот на оние кои поседуваат марихуана за лична употреба.