Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1694 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-96, Куманово-8, Штип-7, Прилеп-8, Тетово-15, Струга-3, Велес-5, Битола-8, Охрид-2, Кавадарци-6, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-11, Крива Паланка-7, Радовиш-1, Кочани-17, Пехчево-1, Берово-10, Валандово-3, Виница-1, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 96 оздравени пациенти од: Скопје-33, Куманово-10, Штип-2, Прилеп-5, Тетово-13, Велес-2, Битола-3, Кавадарци-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-6, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-4.

Во болнички услови се починати 6 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 71 и 83г), по еден од Прилеп (78г), Тетово (63г) и Битола (59г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18363, бројката на оздравени пациенти е 15164, на починати е 749, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2450. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 7195, активни 834

• Куманово 1785, активни 182

• Дебар 287, активни 32

• Штип 1269, активни 56

• Прилеп 697, активни 126

• Тетово 1470, активни 150

• Струга 676, активни 45

• Велес 335, активни 36

• Битола 322, активни 71

• Охрид 432, активни 35

• Кавадарци 247, активни 47

• Гостивар 938, активни 83

• Гевгелија 130, активни 42 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 272, активни 16

• Крива Паланка 120, активни 34

• Радовиш 90, активни 26

• Крушево 20, активни 1

• Кочани 392, активни 172

• Пробиштип 116, активни 20

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 93, активни 7

• Пехчево 45, активни 4

• Берово 114, активни 39

• Валандово 39, активни 26

• Виница 117, активни 28

• Делчево 165, активни 82 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 26, активни 2

• Свети Николе 359, активни 46

• Кичево 332, активни 36

• Ресен 164, активни 11

• Неготино 55, активни 8 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1694 теста се преку: ИЈЗ-552, ЦЈЗ Скопје-63, Авицена-333,  Биотек-138, МАНУ -113, Жан Митрев (Филип Втори)-165, Систина со PCR метода -156, лабораторија Лаор –40, Судска медицина-15, ЦЈЗ Битола-74 Инфективна клиника-4, ГАК-14, Синлаб-27, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 191.821 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.