x

21-годишник го признал убиството на Де Сантис, го сторил тоа од одмазда!

de-santis

Пред една недела порталите и медиумите беа преплавени со громорозното убиство на фудбалскиот судија Даниеле Де Сантис и неговата вереница кои биле убиени во домот во Лече.

Сведоци истакнаа дека виделе како машко лице бега од местото на настанот.

Синоќа полицијата во Италија успеа да го уапси главниот осомничен. Убиецот бил 21-годишниот Антонио де Марко.

Тој призна дека го убил судијата и неговата свршеница со повеќе од 60 убодни рани.

Де Марко е студент по медицина, и неговиот мотив бил одмазда, наводно поради изнајмен стан од Де Сантис. Судијата во август му рекол дека тој планира да живее во иднина со својата свршеница, нешто што не му се допаднало на Де Марко.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата