2014 година дефинитивно е една од најуспешните за Миле Кузмановски. Покрај неколкуте објавени синглови и концерти, тука е и новиот албум што веќе е спремен за издавање, како и трите спота кои треба да се снимаат деновиве.

Цела година ја поминав активно и работно. Веќе е при крај албумот, на кој ќе се најдат 10 композиции, од кои 5 се комплетно нови и досега не се објавени. Ќе се вика “Шприцер”, по истоимената песна. Паралелно снимам и спотови и би требало кон крајот на годинава да завршам и со тоа”, рече Миле.

Покрај новиот албум и спотовите фолкерот планира да издаде и ДВД издание од последниот концерт што го одржа во Универзалната сала.

Промоцијата на ДВД изданието би требало да се случи кон почетокот на идната година. Концертот помина одлично и заслужува да добие вакво нешто”, рече Кузмановски.

И новогодишните празници пејачот ќе ги помине работно, а ќе ги забавува крушевчани.

(Ј.А.)