x

18 април – Ден на фудбалската магија на Лео Меси (ВИДЕО)

На 18 април 2007 година, Барселона беше домаќин на Хетафе, а победата од 5:2 ќе биде запаметена по неверојатната магијата на Лионел Меси.

Историскиот момент се случи во 28-та минута. Меси ја прифати топката во своја половина и тргна во јуриш. Ги минуваше противничките играчи со слалом пробив, на крајот заобиколувајќи го голманот и погодивајќи ја мрежата.

Реакциите на фудбалерите на Барселона, како и на тренерот Френк Ријкард, најдобро зборуваат за мајсторијата.

Интересно е што Меси на овој начин веројатно го повтори најдобриот гол досега, постигнат од Диего Армандо Марадона, на Мундијалот во 1986 година. Сличноста е очигледна…

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата