На Инфективната клиника во изминатото деноноќие, како што соопшти министерот Филипче, починале тројца пациенти, и тоа еден од Кочани на 40-годишна возраст хоспитализиран на 29 март, како и двајца од Тетово едниот на 69-годишна возраст со тумор на мозокот и другиот 65-годишен. 

– Излекувани се четворица пациенти кои се здрави пациенти и ќе ја напуштат Инфективната клиника. Уште тројца се оздравени и во Дебар, кои беа на домашно лекување. До утрово на Инфективната клиника примени се 10 нови пациенти. Сега се хоспитализирани вупно 70, од кои 8 на механичка вентилација, а 10 со потешка клиничка слика. Во „8 Септмеври“ вчера се примени 4 за кои се чекаат да стигнат резултатите и двајца се на машина. Во Битола еден е хоспитализиран, а таму се чека и трансфер од пациентите во Охрид. Во Штип четворица се хоспитализирани“, додаде Филипче. 

Инаку, во изминатите 24 часа регистрирани се 15 нови случаи на Ковид 19, и повторно најмногу во Куманово – 8 пациенти.  

Вкупна бројка на заболени во земјава изнесува 570 лица.