x

15-годишник ќе тренира со сениорите на Борусија Д.?

Јусуфа Мукоко, 15-годишниот талент и член на Борусија Дортмунд, би можел да биде вклучен во подготовките на сениорскиот тим на „милионерите“, пренесува Билд. Мукоко е исклучителен талент, иако има 15 години, игра со постари од него, дури и со младинскиот тим на Дортмунд во ЛШ, па од тука би можел да ја зголеми конкуренцијата во нападот.

Јасно е дека Борусија има проблем токму со нападот, но Мукоко никако не може да биде решение, затоа што тој е премногу млад, и треба да добие специјална дозвола за да игра за сениорите.

Инаку „милионерите“ во зимскиот преоден рок ќе бараат да се засилат со еден играч во нападот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата