Едно обично одење во кино може да се претвори во многу неочекуван расплет на работите и тоа на државно ниво. Така, благодарение на еден гледач на Спилберговиот Линколн” државата Мисисипи по речиси 150 години откако е на сила официјално го ратификувала 13 амандман на американскиот устав, со кој се укинува ропството

Приказната почнува минатиот ноември кога Рајан Батра, вонреден професор на Медицинскиот центар на Универзитетот во Мисисипи, отишол во кино да ја гледа историската драма на Спилберг Линколн”, номинирана и за Оскар, јавуваат локалните медиуми.

Во Спилберговиот филм се зборува за последните месеци од животот на американскиот претседател Абрахам Линколн и за неговите напори Претставничкиот дом да го прифати 13 амандман на американскиот устав.

По филмот Батрасе запрашал што се случило со амандманот кога ќе се прифати. За помалку од една година од изгласувањето го ратификувале 27 од тогашните 36 американски сојузни држави. Мисисипи, Њу Џерси, Дилавер и Кентаки тогаш го отфрлиле, но Мисисипи го прифатил во 1995 година. Но, Батра забележал уште еден интересен детаљ: иако амандманот е прифатен, ратификацијата била неофицијална, бидејќи Мисисипи и сојузната управа на САД никогаш официјално не потпишале никаков документ. Батра ги поделил своите сомнежи со колегата Кен Саливен, кој се сетил на расправата од 1995 г. и успеал да дојде до документите дури и да пронајде копија од резолуцијата, која едногласно поминала во Конгресот и во Сенатот на Мисисипи”. Но, од необјасниви причини документ за тоа никогаш не бил доставен до Канцеларијата на сојузниот регистар.

Официјалниот документ конечно бил предаден на 7 февруари 2013 г., а државата Мисисипи добила известување од Канцеларијата на сојузниот регистар дека амандманот 13 го ратификувала токму пред петнаесетина дена или 148 години по останатите држави на САД.