Радува фактот што секојдневно имаме нови и нови излекувани пациенти. Денеска вкупно 18, од кои 13 на болничко и пет кои се лекуваа во домашни услови. Со ова бројот на излекувани пациенти во нашата земја е 139, изјави денеска министерот за здравтсво Венко Филипче.

Во изминатите 24 часа, посочи дека, имаме 36 нови случаи и за жал тројца нови починати.

– Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во нашата земја изнесува 1117, односно 929 активни случаи. Во изминатите 24 часа направени се 437 теста и со тоа од почеток на епидемијата направени се вкупно 10.859 тестирања. Со оваа бројка сме на второ место во регионот по бројот на направени тестови на милиони жители, изјави Филипче.

Најави дека од следната недела ќе се стават во функција уште две лаборатории во МАНУ и Институтот за судска медицина.

Информираше дека имал разговор со францускорт амбасадот Кристојан Тимоние, за поддршка во вредност од пет илјади евра на Гениколошкп-акушерската клиника преку организацијата „Проект Хоуп“ – како маски, заштитна облека и обувки.

Нагласи дека имал и видео разговор со американската амбасадорка Кејт Мери Брнс, како и состанок организиран од СЗО. Информираше дека биле разменети мислења и ставови за тоа како се поставени здравствените системи и какви се плановите за понатаму.

– Заеднички е заклучокот дека оваа болест и после пикот на пациенти ќе продолжи да постои и нема да можеме целосно да ја елиминираме и веројатно ќе мора да има посебни делови од здравствениот систем посветени на пациенти кои ќе бидат позитивни на Ковид 19 и на пациенти кои нема да бидат, а се со цел да се испланираат капацитетите. Посебно гледајќи перспективно во периодот на периодот на есен или зима кога веројатно сите земји ќе се соочаат освен соодветен број пациенти заразени со Ковид вирусот и на пациенти со сезонски грип. Ќе треба да се направи сериозна анализа и поставеност на здравстевниоот систем, изјави Филипче.

Еден од главните заклучоци, посочи бил во насока на поголемо активирање и вклучување на матичните лекари, со цел пациентите што повеќе да се задржат на примарно ниво, за болничките капацитети бидат слободни доколку биде потребна хоспитализација на пациенти со Ковид – 19.

Порача дека годинава Велигден одлучил да го помине сам изолиран од семејството, со цел да ги заштити најблиските.

– Секој од нас носи огромна одговорност и за тоа мора да сме сите свесни. Празничните собирања оваа година треба да изостанат. Тоа е инвестиција во најважното, во здравјето. Тоа е единсвтениот начин со кој можеме сите како поединици да дадеме свој придонес во борбата со вирусор кој го смени животот на милиони луѓе ширум светот, изјави Филипче.

Да се биде дома, порача Филипче, значи да се направи разлика и да се спасат човечки животи и да се помогне на здравствените работници, кои овој празник ќе го поминат на работните места во борба за секој живот.

На почетокот, исто така, информираше дека во домот за геријатрија во Ѓорче Петров има дијагностицирано хигиеничарка со позитивен тест.

– Направена е епидемиолошка анкета во однос на контактите што ги имала со вработените. Дел од колешките и колегите е препорачана самоизолација, рече Филипче.

Домовите за стари лица, посочи тој, се едни од местата на кои треба да се пристапи со исклучително висока доза на внимателност, зошто многу чести тие лица се со хронични болести, од следната недела ќе пристапиме со серолошко тестирање на сите кои се сместени во домовите за стари лица со цел да се направи подобра проценка на нивната состојба.

Информираше дека се завршени тестирањата и на вработените во кумановската болница.

– Од 210 вработени, само кај двајца се најдение зголемени антитела и тие ќе бидат тестирани на вирусот. Истото тоа, како стратегија, ќе го спроведеме и во текот на следната недела, посебно во одделенијата и болниците во кои сметаме дека има најголем ризик, истакна Филипче.

Нагласи дека е разговарано со директоркатана болницата во Куманово и договорено е сите седум хоспитализирани да се префрлат на Клиниката во Скопје.

– Понатаму инфективното одделение во Куманово ќе работи така што таму ќе се прави тријажаи проценка на состојбата и понатаму во координација со министеството и директоритре на Клиниката за инфективни болести и ГОБ 8-ми Септември ќе проценка дали дел од пациентитре ќе бидат упатени ви Скопје или ќе се лекуваат во Куманово, истакна Филипче