Нетфликс плати 120 милиони долари за правата за новиот филм на Мартин Скорсезе, „Ирец”, со што го надмина Парамаунт и понудата од 100 милиони долари. Биографскиот филм е всушност приказна за Френк Ширан, човек кој го призна убиството на Џими Хофа, еден од најпознатите синдикални лидери во САД. Во главните улоги се појавуваат Роберт де Ниро, Ал Пачино и Џо Пеши.

Последен пат Де Ниро и Скорсезе соработувале на филмот „Казино” во 1995, а претходно заедно рабтеа и на класиците „Разјарениот бик” (1980) и „Таксист” (1976). Се претпоставува дека со овој потег, Нетфликс ќе има полн погодок, но дали ќе биде така, ќе дознаеме во 2019 година.