Санкционирани се 50 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото и 10 пешаци кои поимале вон обележан пешачки премин или поминале на црвено светло на семафор.

Дваесет и пет возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, пет возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница и тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај. 

Специјалното возило „пајак” вчера од страна на сообраќајната полиција отстрани 82 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни предавања во ОУ „Петар Здравковски Пенко” кое се наоѓа на подрачјето на општина Бутел, со учениците од второ одделение.

Во 10 часот поранешните вработени на ОХИС ќе одржат мирен протест на бул. „Илинден” пред зградата на Владата на Република Македонија. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.