Околу 12.000 научници и лекари во Велика Британија потпишаа петиција против рестриктивните мерките и ја повикаа владата да не воведува втора изолација со што ќе се дозволи Covid-19 да се шири меѓу младите и здравите луѓе.

Изјавата на Барингтон беше објавена минатата недела и повикува младите да се вратат во нормален живот, додека постарите и болните да се третираат со поголема грижа и приоритети.

Петицијата на експерти од универзитетите во Оксфорд, Харвард и Стенфорд досега е потпишана од повеќе од 130.000 луѓе.

Но, кабинетот на премиерот инсистираше на тоа дека нема да повлече ниту една од наметнатите мерки и дека прашањето за имунитет на група против Ковид-19 нема да биде разгледано од креаторите на политиката.

Според властите, нема докази дека со тоа би се заштитиле загрозените лица или дали имунитетот на таа група би бил ефикасен.