102-годишната Анџелина Фридман од Њујорк е вистински борец. Кога била бебе, таа го преживеала шпанскиот грип кој косел во 1918 година. Во текот на својот живот преживеала рак, внатрешно крварење и сепса, а оваа година таа двапати го победила коронавирусот, објави Си-ен-ен.

Првпат вирусот ѝ бил дијагностициран во март кога Фридман била во болница за лесна медицинска постапка. Таа поминала една недела во болница, а кога се тестирала на 20 април, нејзиниот тест бил негативен.

Кон крајот на октомври, Фридман повторно имала позитивен тест на Ковид-19.

Нејзината ќерка за Си-ен-ен вели дека тогаш нејзината мајка имала симптоми – треска и сува кашлица. На 17 ноември повторно имала негативен тест.

Фридман е последното преживеано дете од вкупно 11 деца во семејството. Сепак, Фридман продолжува да биде извор на радост и забава за оние околу неа, пишува Си-ен-ен.

За својот 101 роденден добила голема забава во домот за стари лица каде што е сместена и минатата година била крунисана за матурска кралица.

извор: Makfax