Повеќе од четири илјади мејлови на Хилари Клинтон, од времето додека таа беше државен секретар на САД, испратени преку нејзината приватна електронска пошта, се објавени во американската јавност, вклучувајќи ги и оние кои беа цензурирани, откако беа прогласени за доверливи.

Клинтон, која учествува во трката за номинација на Демократската партија, за претседател на САД, за избороте во 2016 година, е изложена на остри критики затоа што го користела серверот на својот приватен комјутер, во куќата во Њујорк, за испраќање службени пораки и писма, додека била дел од американаката администрација.

Според американските прописи, државните функционери не смеат да комуницираат преку својата приватна електронска пошта, за службени потреби.

Досега се публикувани 4368 нејзини мејлови, со вкупно 7.121 страници.
Таа се брани дека не биле испраќани, а ниту примани пораки и писма со доверлива содржина, но повеќе од 150 од овие мејлови се прогласени за доверливи од Стејт департментот.

Политичките противници на Клинтон ја обвинуваат за неодговорност и за непочитување на прописите, што не му доликува на претендент за претседател на САД, како и за предизвикување „безбедносен ризик” за државата. Републиканецот и милијардер Доналд Трамп тврди дека таа има направено „криминален престап”.

До неодамна, Хилари Клинтон правеше шеги околу мешањето на приватното и службенто, во нејзиното допишување преку електронската пошта, или грубо им возвраќаше на противнците дека „приватните мејлови се нејзина приватна работа”.

Од неодамна, таа престана да се шегува за оваа работа, на своите јавни настапи низ Америка и сега признава дека погрешила.

Случајот со користењето на приватниот сервер на компјутерот, за службени потреби, се претвора во сериозен проблем во време додека таа води кампања за да биде демократски кандидат на претседателските избори.

Набљудувачите во Вашингтон, посебно оние кои и се наклонети, веруваат дека нема основа за нејзина правна одговорност, но признаваат дека објавувањето на мејловите и предизвикува сериозна политичка штета, особено што и понатаму останува отврена можноста, во предизборната трка да се вклучи и сегашниот потпретседател на САД, Џо Бајден.

Хилари Клинтон, поранешна прва дама на Америка, додека нејзиниот сопруг Бил Клинтон беше во Белата куќа во два мандати, а потоа и демократски сенатор на државата Њујорк, беше државен секретар од 2009 до 2013 година.