x

Џудистите поразени на стартот на ЕП за јуниори во Хрватска

judo-porec

Македонските џудисти јуниори кои настапија на ЕП во Пореч, Хрватска, експресно ги завршија настапите.

Еди Шерифовски (81 кг) денеска се сретна со холандскиот џудист Марк ван Дијк и беше поразен со вазари и ипон. Вчера на стартот на првенството порази претрпеа и преостанатите двајца наши репрезентативци, Резарт Хусени и Хамза Јашари во категоријата до 66 килограми.

Хусенини во 1. Коло беше поразен од Турчинот Демирел, додека Јашари загуби од Капанадзе од Грузија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата