x

Џо Гомез го оперираше коленото, кога ќе се врати на терен останува нејасно

joe-gomez

Ливерпул денеска потврди дека Џо Гомез бил успешно опериран по повредата на левото колено. Во клупското сопштение испратено до медиумите се вели:

„Може да потврдиме дека Џо Гомез денес претрпе успешна операција на тетивата на левото колено. Централниот бек ја заработи повредата на тренинг со репрезентацијата на Англија во средата. Повредата е изолирана само на тетивата на Гомез, без оштетување на други поврзани лигаменти на коленото. Операцијата се случи во Лондон во четвртокот наутро, беше успешна и Џо ќе закрепне целосно. Гомез веднаш ќе започне програма за рехабилитација со медицинскиот тим и со вработените во клубот кои внимателно го следат неговиот напредок. Не е поставена временска рамка за неговото враќање, иако веројатно тој значителен дел од преостанатиот дел од сезоната ќе биде надвор од терените“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата