x

Џошуа: Ќе се поздравам со Руиз, па ќе му ја откинам главата“

Британскиот боксер Ентони Џошуа, кој е поранешен светски шампион во тешка категорија, зборуваше за очекувањата пред реваншот со Енди Руиз. Вториот дуел меѓу Руиз и Џошуа ќе се одржи во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, утре.

„Ми недостасуваат шампионските појаси. Долго време не ги држев во моите раце. Секако, ќе се поздравам со Рузи пред борбата, но веднаш штом ќе се огласи почетниот гонг, ќе му ја откинам главата“, изјавил Џошуа за британските медиуми.

Во јуни 2019 година, 30-годишниот Руиз неочекувано го победи Џошуа и ги однесе титулите во ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО верзиите.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата