x

Џордан Теодор се раздели со Уникс и се враќа во Турција

Македонскиот кошаркар Џордан Теодор не е повеќе кошаркар на Уникс Казан. Натурализираниот играч го напушти тимот, откако му истече договорот со рускиот тим.

Тој мина во екипата една сезона. Според најавите, ќе се врати во Турција, во тимот на Бахчешехир. Теодор во минатото играше за Бешикташ, од каде отиде во Уникс.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата