x

Џордан раскажува за „кокаинскиот циркус“ на Чикаго и за лудиот Краус…

Документарниот филм „Последниот танц“ за Мајкл Џордан, според многумина најдобриот кошаркар на сите времиња, наиде на бурни реакции меѓу љубителите на кошарката. Синоќа беа емитувани две епизоди од серијалот од десет и многумина ги импресионира. Филмот не опишува само како тој дава кошеви, туку каква личност бил Џордан и со каков животни и спортски околности се соочувал. Тука има интересни сведочења, а дел и шокантни.

Се зборуваше дека неговиот Чикаго Булс всушност бил патувачки кокаински циркуз.

Џери Краус како генерален менаџер на Чикаго, бил и меѓу најзаслужните што Булси станале светски хит и шесткратни НБА шампиони, но исто така и најомразена личност во клубот. Поради ставот кон играчите, поради начинот на кој се однесувал кон тренерот Фил Џексон, но и правење на „трејд“ потези кои ја лутеле екипата тој станал човек кој не бил омилен кај играчите.

Пред сезоната 1997/98, му рекол на Фил Џексон дека ќе лета од клубот следното лето без разлика како ќе заврши шампионатот.

Не ме интересира, дури и да имаше ефект од 82:0 ќе ’леташ’ од клубот“, му порачал Краус на Џексон.

Џордан на почетокот раскажа за своето пристигнување во Чикаго и на тоа што наишол кога дошол во клубот.

Бевме во еден хотел, а јас се обидував да ги најдам моите соиграчи. Тропав по вратите, стигнувам до една соба и можев да чујам како некој да рече: „Aх, некој е надвор“. Некој со длабок глас ми рече: „Кој е?“ Јас му реков, тоа сум јас, Мајкл. Ти потоа изговорија: „Ах, па, тој е оној новиот “.
Кога ја отворија вратата, речиси целиот тим беше таму. Тоа беа работи што никогаш не сум ги видел во животот како тинејџер. На една страна имаше линии кокаин, на друга страна беа пушачите на марихуана, а имаше и многу девојки“, раскажа шесткратниот првак со Булси.

Кога го видов сето тоа излегов. Си размислував, што би се случило ако полиција направи рација. Би бил еднакво виновен како и другите во собата. Од тогаш се осамостоив. Избегнував контакти со другите“, изјави „Летечкиот Мајк“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата