Многу музика во различен стил, изложби, програма за најмалите, театарски претстави и филмски проекции, го красеа осмото Карпошово културно лето.

Официјалното затворање на традиционалната манифестација се случи вечерва, со изложба од Меѓународниот акварелен симпозиум која истата беше придружена со романтичните звуци на евергрините од 70-тите и 80-тите, исполнети од познатиот изведувач Џон Илија Апелгрин.

Благорадници за учеството на овогодинешното Карпошово лето, им додели претседателот на Комисијата за култура при Советот на Општина Карпош, Горан Михајлов, кој упати огромна благодарност до сите присутни уметници кои за прв пат учествуваат на акварелниот симпозиум и на оние кои досега учествувале. Михајлов, истакна дека ова е едно од најуспешните организирани карпошови лета со богата програма.

-За жал иако топлото време сеуште го имаме во Скопје, Карпошовото културно лето 2015 година, заврши. Ова беше богато културно лето со многу атрактивни настани, продефилираа голем број на врвни уметници, музичари и артисти. Го започнавме со спектакулараниот концерт на Калиопи, а го завршуваме вечерва, малку со пософистицирана програма, односно со изложбата од акварелниот симпозиум и со музиката на Џон Илија Апелгрин. Оваа година имавме едно од најуспешо организирано Карпошово културно лето, затоа што организациски перфектно функционираше, а посетеноста и релаксираноста на граѓаните кои беа гости на настаните, беше на завидно ниво. Уживањето кај изведувачите од настапите на Карпошовото културно лето потврдува дека сме бренд на кој секој му е задоволство да учествува и да присуствува како гостин, изјави Михајлов.