Трикратната олимписка победничка од летните олимписки игри во Сиднеј 2000 год, атлетичарката од САД Мерион Џонс (30 г) беше позитивна на допинг контролата, на првенството на Америка во јуни годинава во Индијанаполис, потврди извор од антидопинг агенцијата во САД.
Засега е познато дека “Аи тестот на Џонс беше позитивен на крвниот допинг ЕПО. Ако и “Би тестот биде позитивен спринтерката од САД ја очекува двегодишна забрана од настап. Нејзиното име е поврзано и со допинг аферата БАЛКО во 2003 год, но не беше казнета.
Џонс требаше да настапи во Цирих, но на самиот ден на митингот го откажа настапот од “лични причинии.