Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека му е жал што отсуствувал од работното место и му се заблагодари на Доминик Раб што го менувал. Тој упати благодарност и до граѓаните во своето прво обраќање до нацијата по опоравувањето од вирусот Ковид-19. Тој рече дека пандемијата е најголем предизвик за државата од Втората светска војна и истакна дека државата напредува во таа борба.

Како што рече тој, постојат знаци дека Велика Британија го достигнала врвот на болеста и ја спречила преоптовареноста на Националната здравствена служба.Според него, може да се каже дека започнува пресврт.
        
„Вирусот е како крадец, тоа го велам од лично искуство и ова е моментот кога почнуваме да го соборуваме на земја“, рече Џонсон. Тој порака дека е премногу рано да се ублажат мерките, бидејќи второто појавување на вирусот може да биде катастрофално, но и дека ја разбира загриженоста на продавачите, уметниците и секој што е вклучен во бизнисот.
        
„Треба да го разбереме ризикот од вториот циклус. Ве замолувам да ја сузбиете вашата нетрпеливост затоа што верувам дека сега доаѓаме до крајот на првата фаза“, рече Џонсон и додаде дека владата ќе ги ублажи мерките откако ќе се утврди дека нема да има втор бран. Џонсон исто така рече дека сака да ја вклучи опозицијата што е можно повеќе во борбата против вирусот.

извор: Makfax