Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика Британците да го прослават Божик со огромна претпазливост.

Тој рече дека иако програмата за вакцинација започнала многу добро, асимптоматското пренесување на Ковид-19 се уште претставува закана.

„Многу сум задоволен што можам да му кажам на Долниот дом дека многу добро ја започнавме програмата за вакцинација … Треба да бидеме крајно внимателни во начинот на кој го славиме Божик“, рече Џонсон пред парламентот на прашањето дали луѓето треба да бидат внимателни на прославите, пренесува „Ројтерс“.

извор: Makfax