x

Џонсон: Ниту јас, нуту пак Џордан не играл под голем притисок како Леброн

medzik-i-dzordan

ЛА Лејкерс имаат нова шанса да дојдат до шампионскиот прстен, во плеј-оф серијата против Мајами водат со 3-2.

Доколку овој тим успее да ја освои титулата, за Леброн Џејмсs ќе биде четврта во кариерата и ќе постане третиот играч на кого му успеало тоа со три различни тимови. Но, никој од нив не бил МВП секој пат. Џејмс дојде во Лејкерс пред две години и постојано е под голем притисок, има за задача да го врати клубот на самиот врв, сега е на чекор да го стори тоа.

„Никој не играл под таков притисок како Леброн. Ниту јас, ниту Мајкл Џордан, ниту пак Лери Бирд. Единствен кој такво нешто има доживеано е Џабар кога играше за УЦЛА. Знаете ли каков е притисокот кога ќе дојдете во „Стејплс Центарот“ и да играте за овој дрес? Леброн беше свесен и рече дека тоа го сака. Вети дека ќе ги одведе до титулата и тоа го прави тоа“, рече Меџик, а потоа додаде:

„Џордан и ја поставивме темели за спортистите истовремено да бидат и бизнис луѓе. Џордан со својот бренд, ја со моја фирма која ја поседувам. Но, Леброн тоа го подигна на едно друго ниво, за кое никој не можеше да сонува. Никој нема направено повеќе од него“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата