Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека не сака повторно затворање на Велика Британија поради Ковид-19. Тој во интервју за „Сандеј телеград“ вели дека не сака да наметне второ национално затворање и изолација во случај на втор бран.

Главниот научен советник во Велика Британија, пак, вели дека постои ризик дека можеби такви мерки ќе бидат потребни во зимскиот период.

извор: Makfax