Младиот американски кошаркар Кионте Џонсон, не е повеќе во критична состојба. Играчот на Флорида Гејторс, е префрлен во болница откако се сруши во бесознание на дерби мечот против Флорида Стејт.
Неговата ситуација со денови беше критична, но младиот кошаркар се опоравил, и сега е стабилно. Тој е свесен, и веќе комуницира со докторите и родителите.
Се чини дека Џонсон наскоро ќе излезе и од болница, а потоа ќе се прават дополнителни испитувања за да се утврди што довело до загрозување на неговото здравје.