Странските медиуми пишуваат дека Џиџи Хадид го очекува своето прво дете со момчето Зајн Малик.

Веста првин ја објави ТМЗ, кој пишува дека Џиџи е во петтиот месец од бременоста од поранешниот член на групата One Direction. Поточно, тие велат дека е во 20-тата недела и дека веројатно сè уште не го знае полот на бебето.

„Ентертаинмент тонајт“ доби потврда од близок пријател на семејството, кој изјави дека семејството на Џиџи е пресреќно поради приновата.

Како доказ се спомнува и нејзината последна снимка, направена на прославата на својот 25. роденден во карантин. Таа држи балони со броеви 2 и 5, опкружена со Заин и сестра ѝ Бела, а како што пишуваат медиумите, под фармерките се наѕира стомаче, инаку некарактеристично за витата манекенка.

View this post on Instagram

❣️?

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) on

Џиџи и Зајн се во врска од 2015 година, а минатата година се разделија на една година, но повторно се смирија во декември.

извор: Makfax