Одбојкарите на Џио Струмица вечерва го добија дербито со Шкендија во рамките на 4. коло од домашниот шампионат. Станува збор за заостанат меч, поради настапот на Џио Струмица во Челинџ Купот и гостувањето на Кипар кај Омонија.
Струмичани без многу проблеми ја обезбедија и четвртата сезонска победа, овој пат со 3:0 над Шкендија која до ова коло не знаеше за пораз. Првиот сет струмичани го добија со 25:17, а веќе во вториот гостите останаа со само 11 поени. Најинтересно беше во третиот сет кога тетовска Шкендија дојде до драматична завршница, но момците на Кире Ричлиев со 25:23 го затворија дуелот.