x

Џио Струмица и Универзитет во Тетово не знаат за пораз, Вардар до четврта победа

gio-strumica-1

Во трите денеска одиграни меча во рамките на 5. коло од Првата лига во одбојка во машка конкуренција, фаворитите немаа никакви проблеми. Вардар во првиот меч на домашен терен со убедливи 3:0 прокнижи чатврта победа и останува во битката за врвот на табелата. „Црвено-црните“ одиграа моќни први два сета во кои на гостите од Жеровјане им препуштија само 14, односно 10 поени. Малку повеќе возбудувања имаше во третиот сет во кој Лирија стигна до 21 освоен поен.

Максимални 3:0 и за Универзитет во Тетово кој дома славеше над Дибра Волеј. Овде гостите беа тотално инфериорни и во трите сета освоија само 31 поен (25:8, 25:14, 25:9). Убедлива победа, но на гости, извојуваа одбојкарите на Џио Струмица. Тие беа подобри во три сета од Борец во Велес (15:25, 21:25, 15:25).

За во понеделник се закажани последните два меча во кои Штип ќе игра со Весна Пробиштип, додека Шкендија го пречекува Јанта Волеј.

5 КОЛО

ОК „ВАРДАР“ – ОК „ЛИРИЈА“    3 – 0  

ОК „УНИВЕРЗИТЕТ во ТЕТОВО“ – ОК „ДИБРА ВОЛЕЈ“     3 – 0 

ГОК „БОРЕЦ“ – ОК „ЏИО СТРУМИЦА“   0 – 3       

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата