x

Џеј Џеј Бареа ја напушта НБА за да заигра во Шпанија?

jj-barea

14-годишен ветеран во НБА-лигата и шампион во 2011 година, Џеј Џеј Бареа од екипата на Далас, разгледува три понуди од Шпанија за следната сезона да заигра во Европа. Агентот на Порториканецот, не крие дека во изминатите неколку недели се со постојани разговори со клубови од АЦБ лигата.

„Во последниве две недели имавме разговори со тимови од Шпанија. Да, има интерес од три тима, но ние не сме одлучиле“, изјавил агентот на Бареа.

Приоритет на 36-годишниот Бареа, сепак, е останување во НБА лигата, но Шпанија е резервна варијанта.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата