Џеј Ло сака трето дете
Една година откако ги роди близнаците, пејачката и глумица Џенифер Лопез открила дека нејзиниот сопруг со нетрпение очекува уште едно дете. Неа пак, од друга страна, и не и се брзало толку. Открила дека нејзиниот сопруг Марк Антони сакал да започне да работи на уште едно дете, а таа иако сакала брат или сестра за едногодишните близнаци Макс и Ема, сега сакала малку да и се посвети на кариерата.
“На Марк не му е јасно што чекаме, но јас му велам – Дај ми прво да направам песна, филм, нешто…Сега сакам малку да се опоравам. Дефинитивно би сакала уште деца, не знам дали ни е судено, но би сакала”, објаснила Џенифер Лопез.