Ѕвездата на „Aквамeн“, Џејсон Момоа, е на врвот на листата на стоте најубави мажи, додека на последното место e Леонардо ди Каприо.

Листата за 2018 година беше составена од ТЦ Кендлер, кој веќе ја прогласи француската моделка Тајлин Блонди за најубавата жена во оваа година.

Овие прогласувања на најубавите започнаа во 1990 година и се засновани на предлозите на јавноста. Покрај тоа, организаторите се фалат дека станува збор за „најразновидни” избори, а видеата со победниците биле разгледани два милиони пати за два дена.

Момоа (39) е оженет со Лиза Бонет (51) од 2005 година, а заедно имаат две деца, 11-годишната ќерка Лола и деветгодишниот син Накоа-Волф.

На второто место е Џанг Кук, пејачот на јужнокорејскиот бенд BTS. Третиот е британскиот актер Идрис Елба и четвртиот јутјуберот Феликс Келберг.

извор: Makfax